Мараја Кери се најде на удар на модните експерти поради фустанот кој го носеше на доделувањето на “Bet honors” наградите во Вашингтон. Од тесниот црн фустан со длабоко деколте речиси излегоа нејзините гради, поради што, според оценките на експертите изгледала вулгарно. Нејзиниот настап паднал во втор план бидејќи се појавила во фустан со кој едвај прекрила дел од градите. Пејачката очигледно е горда на своите гради, бидејќи се буквално висело на конец и во секој градите можеле да излезат.
Модните експерти остро го критикувале нејзиниот избор, бидејќи делувала вулгарно. Некои и понудиле помош и ја посоветувале поради прекумерната телесна тежина никогаш да не помислува на модели со длабоко деколте. Таа го пеела својот нов сингл „ You’re Mine“, кој ќе биде во продажба од 14 феврутари, а покрај провокативниот фустан настапот го зачинила качувајќи се на клавир.