За бременоста на поп дивата се зборува веќе подолго време, но таа и сопругот до сега не сакале да ја потврдат среќната вест. Мараја пред две години имала спонтан абортус па за бременоста воопшто не сакала да зборува, а камоли да потврди дека навистина е во блажена состојба.
Таа и сопругот Ник Канон конечно ја потврдиле веста за тв станицата NBC. Откриле дека се многу среќни а во исто време и многу внимателни поради претходното лошо искуство. Парот додал дека детето е зачнато по природен пат и дека полот сеуште не му го знаат.