Пејачката Мараја Кери на стрижење и масажа на своите миленици троши неверојатни 35 илјади евра годишно. Пејачката сака екстравагантен начин на живот, поради што апсолутно во се им удоволува на своите миленици. Неодамна разведената пејачка со раскошен глас има осум териери кои секојдневно одат на третмани за нега, фризирање и масажа, а Мараја за тоа задоволство плаќа околу 35 илјади евра, што е ситница доколку се земе предвид дека нејзиното богатство е проценето на неверојатни 487 милиони долари.
Нејзините миленици патуваат со прва класа, а доколку не можат да ја следат на нејзините настапи ширум светот, Мараја посебно плаќа хотели за седум од нив, додека териерот Џек ја прати насекаде.