Американската пејачка Мараја Кери(39) неодамна изјавила дека моментално многу ужива во животот и размислува да основа семејство. Извор близок на пејачката открил дека брачниот пар подолго време работи на својата принова.
Таа е во брак со Ник Канон. Американските медиуми пренесуваат дека Мараја се здебелила во последниве неколку седмици, што ги поттикнало шпекулациите дека е бремена. Пред неколку дена се појавила во фустанче под кое се гледал нејзиниот зголемен стомак.