Мараја Кери која има 43 години не престанува да се фали со својата витка линија на Инстаграм. Откако во бикини позирала за време на прошетката со кучето по снег, сега објавила и фотографија на која позира пред големо божиќно дрвце во црвен костим за капење и куќна наметка.
Покрај фотографијата напишала: „Загревање за жешки моменти во џакузи“. Пејачката заедно со семејството моментално престојува во Аспен, каде ќе ги мине празниците. Нејзина традиција е забавување во џакузи со децата, а колку сите заедно уживале, поделила со обожавателите на својот профил.