Ник Канон и Мараја Кери минатиот месец ги добија своите близнаци Морокан Скот и Монро. Пејачката набргу по излегувањето од болницата била посетена од социјалната служба, со обвинение дека се опивала додека била во болница.

-Тоа не е вистина, а Мараја веќе со денови плаче поради туѓите лаги – коментира нејзиниот сопруг.

Тој додава дека една медицинска сестра ја советувала пејачката да пие темно пиво за да има повеќе млеко. Тој разговор го чул некој од папараците и од него направил голем скандал.