Пејачката во неделата прошетала по црвениот тепих пред доделувањето на наградите Оскар. Во краткото интервју за новинарите изјавила дека очекува нешто посебно, но ништо повеќе не сакала да открие.


Се претпоставува дека Мараја е бремена. Таа е во брак со Ник Канон веќе две години. Изјавила дека многу ужива во животот и дека започнала да размислува за основање на семејство.