Пејачката Мараја Кери и нејзиниот сопруг Ник Кенон ги обновиле брачните завети на Ајфеловата кула во Париз, соопштила нивната портпаролка. Таа рекла дека парот ја прославил обновата на заветите во интимна атмосфера по романтичната вечера во преубавиот ресторан Жил Верн.

Мараја Кери и Ник Кенон се венчале на Бахамите во 2008 година. Пејачката ги родила близнаците Марокан и Монро во април минатата година.