Кога сопругот на Мараја Кери, Ник Канон, бил запрашан дали неговата сопруга е бремена, тој одговорил дека веќе неколку пати спомнал дека кога таа ќе сака нешто да сподели со јавноста, тоа и ќе го направи.
Меѓутоа американските медиуми откриле дека тој не издржал и дека се пофалил на пријателите дека со Mараја го чекаат првото бебе. Парот наводно одлучил дека среќната вест нема да ја откриваат на јавноста, но на најблиските пријатели им се довериле дека пејачка е бремена веќе четири месеци.