Пејачката не ни помислувала дека една обична прошетка на плажата во Малибу ќе предизвика бурни реакции во јавноста. Фотографии на кои пејачката шета во црни пантолони и бела кошула под која се наѕира стомаче се појавиле во сите светски медиуми. Јавноста на големо зборува дека Мараја, која има 45 години, го чека првото дете со милијардерот Џејмс Пакер.
Заедно имаат пет деца од претходно врски и бракови, а шпекулациите се проширија поради тоа што ниту еден од нив двајца сеуште не се огласи по повод овие наводи. Пејачката во 2014 година се разведе од сопругот Ник Кенон после шест години брак, а врската со Џејмс ја обелодени во јуни оваа година.