Славната пејачка дива Мараја Кери стана горда сопственичка на ѕвезда на популарниот „Hollywood Walk of Fame“. Иако тоа беше нејзин момент за слава, синот Морокан Скот Кенон го сврте целото внимание кон себе. Додека Мараја позираше за бројните фотографи, Морокан оцени дека тоа е вистинскиот момент и тој да влета во кадарот.

 

Дотрча до својата мајка и позираше покрај неа се додека асистентите на славната пејачка не го одвлекоа од кадарот. Верувале или не, но влетувањето на синот ниту малку не и сметаше на дивата. Таа продлжи со позирање како ништо да не се случува. Во секој случај, малиот Морокан на крајот испадна ѕвезда на денот.