Во составот на “гаучосите“ Марадона го изостави тандемот на нероазурите Естебан Камбијасо и Хавиер Занети, како и “везниот“ фудбалер на “лос бланкос“ Фернандо Гаго.
– Фернандо Гаго имаше многу лоша сезона во дресот на Реал Мадрид. Тој е еден од моите омилени момци но не ги задоволи моите критериуми.
– Мојата одлука беше уште од порано да не ги повикам Хавиер Занети и Естебан Камбијасо во репрезентацијата, и не жалам за тоа. изјави селекторот на “гаучосите“ Диего Армандо Марадона.
Еден од најдобрите светски фудбалери Марадона го освои светот во 1986 на Светското првентство во Мексико.