Диего Армандо Марадона е новиот селектор на аргентинската фудбалска репрезентација.

Легендата на аргентинскиот и светскиот фудбалер доаѓа на селекторското место, по оставката на Алфио Базиле поради слабите резултати на аргентинскиот состав и минималниот пораз од Чиле.

Марадона кој во последните неколку години беше поврзуван со низа скандали и контраверзности сега ќе ја предводи селекцијата со која како фудбалер во 1986 година на СП во Мексико стигна до шампионската титула.

Ohridnews