Диего Армандо Марадона ќе остане на клупата на гаучосите во наредните четири години. Аргентиските медиуми тврдат дека во разговор со претседателот на федерација некогашниот најдобар фудбалер на светот ќе ја продолжи соработката.


Марадона мака мачеше во квалификациите за СП, а на Мундијалот во ЈАР се сопна на првата посериозна пречка во четвртфиналето против Германија со 4-0. Сепак “Ил Пибе“ ја доби подршката од пошироката аргентинска јавност и како и од претседателката Кристин Фернандез.


Вториот мандат на клупата на аргентиската репрезентација на чие место стигна во 2008. година, Марадона би требало да го започне со пријателскиот дуел против Ирска во Даблин на 11-ти август. Тој Ќе ја предводи аргентинската репрезентација на Копа Америка наредната година во Аргентина како и на светското првенство 2014 година во Бразил.

Ohridnews