Иако некои аргентински медиуми дури го прогласија за мртов, легендата се враќа во живот. Диего Армандо Марадона излезе од болница каде што месец дена се бореше за живот.

Веднаш по излегувањето, овој јужноамерикански „полубог“ во радио емисија објаснувал дека правел низ животот многу грешки и за тоа платил висока цена.
„Бев хоспитализиран заради хепатитис. Не сум пијаница, иако можеби тој ден бев пијан. Но, тоа може да се случи секому“ се правдаше легендата на светскиот фудбал.

Марадона по излегувањето од болница ќе проба да продолжи со нормален живот, иако ќе мора да биде зависник од лекови до крај на животот.

И кога се наоѓаше на раб од амбисот, Марадона призна дека во живот го одржувала фамилијата. „Ќе живеам за моите две ќерки. Тие ми рекоа: „Немој повеќе така!“ и јас ќе ги послушам. Две ипол години немам пробано дрога, а откако сум в болница пијам само сок“ заклучил Марадона.

(v.l.)

С.К.