Диего Марадона повеќе не е селектор на националната селекција на Аргентина соопштија аргентиските медиуми.Фудбалската асоцијација на Аргентина  изјави дека нема да го продолжи договорот со Марадона и стави крај на негово раководење со гаучосите.


 

Контраверзниот Марадона, не успеа фудбалската магија да им ја пренесе на неговите избраници. Тој мака мачеше да се квалификува на Мундијалот, а тоа му успеа во минута до 12.

Добрите резултати на првите натпревари во групата и тоа како ја подгреаа аргентиската јавност оти конечно може да стигнат до тиутлата, но нивниот балон желби се распука во 1/4 финалето кога со 4-0 беа поразни од Германија.

М.П.