Кошаркарскиот клуб АВ Охрид ги доведе второто и третото засилување за престојната сезона договорајќи соработка со Марјан Младеновиќ и Адем Мекиќ.

За организираторот на играта Младеновиќ ова е кам бек во АВ Охрид, додека Мекиќ нов предизвик во кариерата. Младеновиќ дресот на „галебите“ го носеше првата и втората сезона од оформување на клубот.

АВ Охрид пред извесно време го официјализираше ангажманот на искусниот кошаркар Данило Мијатовиќ, а се започна со доведувањето на Марјан Илиевски за прв тренер.

Клубот после комплетирањето на ростерот треба да одлучи дали ќе се натпреварува само во Првата лига или ќе се проба надвор од границите на нашата земја.

OhridNews