Деновиве се изврши мапирање на велосипедските патеки во Општина Дебрца во рамки на проектот „Патеки на откривање” кој го спроведува Здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на Општина Дебрца, а целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија.
Со ова им се овозможува на љубителите на планинскиот велосипедизам и љубители на планинарење по падините на планините во општина Дебрца олеснет пристап за нивно откривање, како и безбедно започнување и пристигнување по обележана велоспиедска патека, велат од Општина Дебрца.
Општината, посочуваат, располага со уникатни живописни планински предели кои се предуслов за развој на алтернативните форми на туризам како и развојот на планински велоспиедизам.
OhridNews