На повеќе локации во поширокото градско подрачје мапирани се 11 диви депонии, каде несовесни граѓани на несоодветен начин го депонирале отпадот и со својот деструктивен чин ја загрозиле околината, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Во акцијата за расчистување подигнати се 24 м3 кабаст и зелен отпад, а во расчистувањето ангажирана е и специјална механизација (трактори и багер). Најалармантна беше состојбата кај станбен комплекс Даљан и на дел од локалитетот Лабино, велат од претпријатието.
Апелираат до граѓаните доколку имаат потреба за депонирање на кабаст и зелен отпад да се обратат на дежурниот телефонски број 075-495-428 секој ден во неделата од 07.00 часот до 21.00 часот.
Само со лична одговорност и еко-свест на секој поединец ќе придонесеме за здрава и чиста животна средина, додаваат.
OhridNews