Екипи на ЈП Охридски Комуналец извршија мапирање и подигање на отпадот од неколку диви депонии. Посочуваат дека истите се создадени од несовесни граѓани на подрачјето на општина Охрид.
И покрај бројните апели за соодветно депонирање на отпадот, како и акциите за подигнување на кабаст отпад, очигледно навиките тешко се менуваат и продолжува праксата за создавање на диви депонии.
Од претпријатието посочуваат дека исчистено е и речното корито на реката Грашница.
OhridNews