Во есенскиов период Оперативните служби секојдневно се соочени со проблеми во тековното работење, каде несовесни поединци го депонираат зелениот отпад од своите градини и земјоделски површини каде ќе стигнат, велат од ЈП Охридски Комуналец.
Мапирани се три локации со несоодветно депониран зелен отпад и автомобилски гуми на улиците „Кленоец”, „Марко Нестороски” и „Ристо Чадо”, каде при расчистувањето е ангажирана специјална механизација, велат од претпријатието.
Посочуваат дека подигнати се и 28м3 зелен отпад.
OhridNews