Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид и Македонската  академија на науките и уметностите – МАНУ, никако да го решат спорот кој да биде сопственик на куќата на Уранија.

Според директорот на охридскиот Завод и Музеј, Јордан Трца, МАНУ одбива да ја преземе куќата на Уранија, која со одлука и ја отстапи Владата, и наместо тоа сака да отвори  летна резиденција на Плаошник по неговата целосна ревитализација. Трца смета дека поранешната Влада донела погрешна одлука кога и ја отстапила куќата на Уранија на МАНУ и очекува сегашната влада истата да   ја врати во  сосптвеност на Заводот и Музеј.


куќата на Уранија културно пропаѓа

Во меѓувреме, додека Заводот и Музеј и МАНУ се надмудруваат околу куќата на Уранија овој вреден споменик на културата пропаѓа. Некогаш активната музејска куќа сега е руина а поради слабата статика постои опасност и од поголеми оштетувања, па и од уривање.

Заводот и Музеј смета дека би било добро да му се врати  во владение куќата на Уранија која би се искористила во културни цели и би се ублажил проблемот со недостаток на музејски простор.

Мики Трајковски