Куќата на Уранија со одлука на Владата и е отстапена на трајно користење на академијата чие формирање е поврзано со историскиот состанок во овој објект пред 42 години.
Поради нарушената статика куќата на Уранија беше внимателно разградена до камените ѕидови, по што беше автентично реконструирана. При градежните зафати употребени се и нови, поквалитетни и поцврсти материјали, а во внатрешноста се направени неколку корекции. Стариот ентериер е вратен во куќата на Уранија, а најголема измена е изградбата на лифт, кој според надлежните ќе има практична функција и нема да ја наруши автентичниоста на еден од најпепознатливите објекти во Охрид.