Потпишувањето на Договорот за решавање на спорот за името, помеѓу владите на Македонија и Грција, е компромис во интерес на иднината на државата вели претседателот на Македонската академија на Науките – МАНУ, Таки Фити. Тој изрази задоволство од постигнатиот Договор кој ги отсликува ставовите на академијата која работела на чувствителните делови од документот.

-Ние исто така учествување во подготвување на аргументација во процесот на преговори, особено во делот на таканаречените црвени граници на Република Грција. Ова е компромис, а во компромис нешто добивате, а нешто губите. За нас, а  верувам и за македонскиот народ од особено значење беше да се зачуваат идентитетските обележја, а тоа го има, бидејќи со договорот се признава и потврдува посебноста на македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик и култура. – рече академик Фити.

Фити смета дека Договорот не е совршен, но гo отвора патот кон НАТО и ЕУ која има пазар од половина милијарда жители што, според него, ќе ја придвижи економијата на земјата напред.

Сите ние моравме да проголтаме едно горчливо апче, бидејќи не е сеедно да ви се промени името. Но на крајот на краиштата ние знаеме што сакаме и по кој пат да се движиме. Не можеме да останеме 27 години заробени и надвор од европските процеси, бидејќи Македонија нема перспектива надвор од ЕУ. – додаде Фити.

Потпишувањето на македонско – грчкиот договор го поздрави и Бугарската академија на науките – БАН, која смета дека тој е од исклучително значење за стабилноста на регионот.

-Приоритет на Бугарија за време на нејзиното претстедателство со ЕУ кое завршува за неколку дена е интерграција на Западен Балкан во Европа, бидејќи тоа е единствен начин и единствен пат, да живееме заедно во мир и стабилност и да немаме проблеми. – истакна Јулијан Ревалски, претседател на БАН.

Претседателите на Македонската академија на науките и уметностите и на Бугарската академија на науките, Таки Фити и Јулијан Ревалски потпишаa договор за соработка. Како што информираа тие денеска во Охрид, станува збор за Платформа со која академиите ќе помагаат во реализацијата на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Г.М.