Претседателството на МАНУ неодамна одлучи да го повлече првото издание на Македонската енциклопедија на темелно ревидирање, кое треба да го направи нов редакциски тим.
Денешното Собрание го иницираа академиците Албанци кои побараа целосно повлекување на Енциклопедијата и смена уредничкиот тим на чие чело се наоѓа академик Блаже Ристовски.
Покрај морална одговорност, од Ристоски се бара и кривична одговорност. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи најави дека неговата партија ќе бара од јавниот обвинител кривично да го гони Ристовски за ширење омраза.
Според неофицијални информации од “спорната“ Енциклопедија се испечатени околу 1800 примероци, а од нив досега, според информациите од МАНУ, дистрибуирани биле помалку од 100.