На 27мите Староградски средби, што овој викенд се одржаа во Центарот за култура во Охрид настапија 13 ансамбли од Охрид, Прилеп, Битола, Крушево, Кратово, Гевгелија, Богданци, Штип, Струмица и Струга, како и професорот Александар Тасески со својата чалгиска музика.
Според организаторот, Центарот за култура „Григор Прличев“, овогодинешната манифестација била најуспешна до сега.
Манифестацијата годинава ја проследи многубројна публика која имаше можност да ужива во староградскиот мелос.
Охридските староградски средби даваат голем придонес во афирмацијата на староградската музика и зачувувањето на нашето фолклорно национално богатство.
OhridNews