Центарот на Охрид одамна не привлекол толку многу насмеани детски лица кои ужуваа во игра,  едукација и дружење на традиционалната хуманитарна манифестација „За посреќно детство“ што по десетти пат се одржа во организација на Црвениот крст Охрид и Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, а поддржана од фармацевтскиот бренд „Виа Фарм“,  ресторан „Виа“ Вевчани и други помагатели.

  • Навистина сме среќни што нашите мали сограѓани се присутни денес тука со нас во голем број на градскиот плоштад, се забавуваат и се хумани. –  истакна Мимоза Ставрова, секретар на Црвен крст Охрид.

За учесниците организаторите обезбедија седумдесеттина вредни награди, зимување на Златибор, пет дневен престој во Крагуевац, викенд во Маврово и уште многу други, кои Црвениот крст ќе ги извлече и објави на веб сајтот на организацијата. Многу награди и изненадувања за присутните обезбеди и Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, кој на градскиот плоштад денеска постави специјален штанд со „Magic Mirror“ каде најмладите правеа најразлични интересни фотографии.

  • Чест и задоволстви ни е што и оваа година, традиционално, повторно сме дел од манифестацијата „За посреќно детство“ и што имаме можност заедно да ги расположиме најмладите жители на градот, да им овозможиме квалитетно да поминат дел од своето слободно време, а притоа и да се забавуваат, но и да се едуцираат и да бидат хумани. Оваа година на нивно големо задоволство за прв пат поставивме „Magic Mirror“, а направените „магични“ фотографии ќе бидат поставени на фан страните на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ на социјалните мрежи. Посетителите таму ќе ги изберат најдобрите фотографии за кои подготвивме специјални награди кои ќе бидат изненедаување се до завршување на изборот. Наградната игра на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ годинава се реализира под мотото: „Која насмевка ќе блика, ќе каже најсмешната слика!“ – открива дел од изненадувањето д-р Небојша Баткоски од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.

И годинава манифестацијата започна со детска трка од плоштадот кај Чинарот до градскиот плоштад во машка и женска конкуренција. Учесниците со купените броеви за учество им помогаат на децата со здравствени проблеми, а кои потекнуваат од социјално ранлива категорија на граѓани. Се играше шах, топка, тенис…

Фото галерија1:

Аптекарскиот бренд „Виа Фарм“ и „Алкалоид“ АД Скопје, подготвија бројни изненадувања за најмладите, а ресторанот „Виа Игнација“ – Вевчани,  додели ваучери. Познатиот бренд за орална хигиена „Curaprox Macedonia“, исто така беше дел од манифестацијата „За посреќно детство“.

Фото галерија 2:

OhridNews