Во неа меѓу другото се вели дека Градоначалникот постојано укажува дека Локалната самоуправа во Охрид, раководителите на Сектори и Одделенија како и вработените, се под секојдневна пресија од страна на разни инспекции, контроли и службеници на МВР за наводно незаконско работење со што се попречува секојдневното работење.
“Во функција на охрабрување на вработените во Општината, да истраат под притисоците на Централната власт, градоначалникот Петрески пред заминувањето на Форумот во Истанбул, како работодавател, одржа работен состанок, на кој не се изврши притисок, туку Градоначалникот укажа дека Охрид и нејзините граѓани – вработени во општината, општинските Јавни претпријатија и образовни институции не можат да бидат заложници на нечиј хир, па макар тоа било хир или комплекс на актуелната централна власт” , стои во дописот од општина Охрид.