Диви депонии на земјиште со кое располага државата; крајбрежие и плажи кои се баталени и недозволиво заборавени-пак од државата оти таа е стопан; пристаниште полно со ѓубре- а Капетанијата е државна; Кеј на кој исфрлениот смет од Езерото е најдобра потврда за негрижата на власта кон националното богатство; предворје на „Св.Софија“ –најпосетуваниот културноисториски споменик – полно со отпадоци и приватен паркинг- а за неа се грижат г.Тимотеј и Канческа –Милеска; „Билјанини извори“ кои се опеани и промовирани на секоја разгледница, но во последно време познати токму по негрижата на државните инспектори и институции за загаденоста и неоткривање (нелоцирање) на изворот на загадување; празни тераси на кафулињата заради преполовениот промет како резултат на закон кој го донела централната власт – за чија штетност благовремено укажуваа и секојдневно се жалат со право угостителите оти живеат од угостителството….
Со еден збор, слики за срамање и брукање на Охрид. Недолични за некоја просечна „паланка“, а камо ли за духовен и туристички центар на една земја.
И, сето тоа зошто ? Само затоа што централната власт заради немањето доблест да се надрасне од претрпениот поразот на локлалните избори решила – како контраудар – да го урнисува Охрид до немајкаде, да го опструира градоначалникот, да го исцрпува со вонредно, а неплатено, ангажирање охридското комунално !
Што се должни и виновни граѓаните, па да бидат жртва на нарцисоидната политика на централната власт, нејзините опструкции кон партиски спротивниот Градоначалник ? Зошто знаменитиот Охрид да страда заради претрпениот пораз на ДПМНЕ во трката за градоначалник? Тоа ли е демократијата на централната власт: да казнува цела една општина која не е ни моја, ни твоја, ни на ДПМНЕ, ни на СДСМ и било кој друг, туку ЕДИНСТВЕНО НА ГРАЃАНИТЕ!?
Ете, на тоа, почитуван Летра, укажувал Градоначалникот на секој прес, при секоја своја изјава и обраќање до Владата на Груевски и нему лично. На таквиот неодговорен однос на централната власт укажувал и Советот на општината (во овој и минатиот состав) со Декларции, Заклучоци и Одуки барајки оној кој стопанисува – да го штити националното богатство заради граѓаните сегашни и генерациите идни. На таа неправда укажувале локалната администрација, информациите кои излегувале од Општината, нејзиниот портпарол, па и веб порталот.
Ете тука лежи одговорот на твојата дилема : што ми требало да ги поместам сликите за негрижата на државата кон Охрид на веб страницата што ја уредувам.
Значи, не заради мене или самата администрација, туку исклучиво заради граѓаните на Охрид, заради првиот човек кој е должен да се грижи за доброто на градот и општината, а кој постојано укажува: „Не мора да ме фалите, само не ме опструирајте!“. Па, на крајот, и заради светот – како што наведуваш самиот – бидејки треба да се знае чија е негрижата и кој го урнисува Охрид заради поразената политика и затоа што неубавото не се надминува со „криење под тепихот“.
Во тоа лежи чистотата на мојата совест дека не сум настапувал (и немам намера) партиски туку професионално и одговорно во интерес на граѓаните и самиот Охрид. Ако тие објавени слики се срам за Охрид ( што го тврдиме и јас и Ти), тогаш нека повели централната власт да ги отстрани и измени со преземања за кои е должна.
ПС. Се гледа дека не си ја отварал општинската веб страница, па затоа наивно тврдиш дека „локалната за викенд одмарала“. Најди време па отвори го сајтот општински на 13.и 6.Февруари или 23.Јануари. Било викенд ама сме работеле затоа што имало настани или вонредни состојби за кои сме должни пред граѓаните и медиумите да ги информираме како Локална власт.
Впрочем, граѓаните за тоа не’ плаќаат, нели !
Никола Маневски.