„Само по себе станува јасно дека ОК на владеачката партија, и нејзините пратеници од Охрид, работејки по инструкциите на централата мораат секојдневно да се обраќаат на јавноста со наметнување на непостоечки „теми“, амнестирање на промашувањата и алиби за средствата кои се (и ќе се) насочуваат од општините кон Скопје за реализација на проектот„Скопје 2014“.
Оттука е јасно зошто охридската ДПМНЕ „бара“ општината да не ја „опструира“ централнат власт. Да не, случајно, тоа се однесува на „заложбите“ на Владата за: заштита на Езерото и плаќање на сметките за електрична енергија што ја троши Колекторот бидејки заштитата е нејзина законска обврска; за пренасочувањето на „Сатеска“; за изградбата на патот Охрид-Св.Наум; за автопатното поврзување на Охрид-Гостивар-Скопје; за натамошна децентрализација на власта која Груевски му ја вети на Петрески, но не ја исполни; за заживување на стопанството и извлекување на „ЕМО“ , „Отекс“, „Братство“ од замреноста и банкротот; за неорганизирањето откуп на земјоделски прозводи, па охридските овоштари се принудени да го фрлаат родот на јаболката…???
Дека никаква опструкција општината не и’ прави на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, јавноста ќе се увери со тоа што ја повикуваме уште во понеделник нека повели да ги плати долговите кон охридските ЈП „Комуналец“ и „Проаква“. Локалната гарантира дека воопшто нема да ја опструира во тоа! Опструкција е, господа, кога државата не им ги дава парите што ги должи на општинските фирми за да тие работаат нормлно и да земаат редовни плти од кои живеат илјдници граѓани на општината.
Што се однесува до „Железничка“ која охридската ДПМНЕ ја посочува во стилот на она народното „Фали ме усто, оти ќе те раскинам“, Владата на ВМРО доцни скоро цела година заради пренасочените средстца во изградба на се’ и сешто по скопските општини, а не заради „опструкции“ на локалната во Охрид бидејки нив ги немаше, а и зошто да ги прави кога таа заобиколница не само што ја бараше општината со години наназад, туку со свои средства и ја започна нејзината изградба.
Оправдувањето за неисполнување на ветената изградба на спортски објекти и игралишта е проѕирно алиби за откажување од преземената обврска на Владата бидејки базенот можеше да започне да го гради уште кога се донесе ДУП-от за спортскиот центар за кој таа а не некој друг, правеше опструкции како што правеше и за просторот кај „Охридија“. А,што се однесува за игралиштето во Лескоец: да не мислеше да се прави нешто како што направи претходнат Влада на ДПМНЕ со салата во Велгошти која заради препуштеноста на себе стана руина и ругло!!?“ – изјави Никола Маневски, портпарол на општината.