Тој во критичниот момент се спуштил од местото викано „Зли дол“ на планината Галичица на околу 200 метри висина од земјата. При тоа направил маневар таканаречена „спирала“ по што нагло се извртел и почнал да паѓа. Се обидел со неколку маневри да се извади од ситуацијата, но не успеал, по што паднал во карпест предел.
Падот од големата висина бил кобен за Ранџеловиќ кој починал на местото на несреќата, соопшти СВР Охрид.