Македонската фудбалска репрезентација се подготвува во Скопје за претстојниот натпревар против европскиот првак Италија со кој ќе го отвори септемврискиот циклус во квалификациите за ЕУРО 2024.
Централниот дефанзивец Јован Манев посочи пред саботниот дуел дека квалитетите на италијанската репрезентација се добро познати, но додаде дека македонските фудбалери веруваат во позитивен резултат пред домашните навивачи на Националната арена „Тодор Проески“.
Играме против Италија на која никој не може да ѝ се заканува, знаеме за каква репрезентација станува збор. Сепак, фудбалски е да се надеваш на позитивен резултат и сигурен сум дека секој од соиграчите ќе го даде максимумот и ќе постигнеме позитивен резултат, изјави денеска централниот дефанзивец на турскиот прволигаш Адана.
Манев додаде дека високиот пораз од Англија во последниот натпревар во квалификациската група Ц е минато и фокусот е на дуелот против Италија.
Се фокусираме на Италија и со позитивни мисли да се обидеме да дојдеме до поволен резултат пред нашите навивачи во сабота. Веруваме во тоа, доколку не веруваме, нема да сме тука, додаде Манев.
OhridNews