– Директорот на Заводот шири паника од партиски причини со цел да ја дискредитира локалната власт, а потврда за тоа е фактот што тој не е овластен да изнесува претпоставки кој е можен загадувач, туку доколку тоа го сака, а не е негова надлежност, треба да потврди како институција, а не да претпоставува, вели Маневски.
Според него должноста на Заводот е да врши мерења и испитувања на земените мостри од водите и да достави ивештај до општинскиот Инспекторат кој е надлежен да презема натамошни мерки да става забрани или не.
– Не е работа на Михаилов да држи прес-конференции бидејки испитувањата се првични и непотврдени. Дека е така, потврдува и фактот за тоа дека и последните две анализи на водата од Билјанини извори направени на 27.јануари и 10. февруари годинава од Републичкиот завод за јавно здравје покажуваат дека водата е исправна. Само анализата што ја изнесува Атанаско Михаилов поненекогаш покажува дека е исправна – понекогаш дека е неисправна, посочува Маневски.
Тој истакна дека општината бара потврдување со контролна анализа на водите од страна на Хидробилошкиот Институт ,кој според локалната самоуправа има далеку пософистицирана опрема.