Министерот за правда Михајло Маневски во рамки на работната посета на Охрид, денеска изврши обиколка на Основниот суд во Охрид кој се наоѓа во фаза на реновирање. Судот во Охрид е еден од шесте судови во Македонија каде се вршат реновирања, со цел да се подобрат условите за работа, изјави Маневски.

Манески денеска се сретна и до претседавачот на Советот на Општина Охрид, Владо Чингоски, со кого разговараа за проблемот околу изградбата на сервисниот центар во општинската зграда. Реализацијата на проектот кој го финансира Европската агенција за реконструкција, вемено е запрена на барање на подрачното одделение на министартвото за правда. Манески истакна дека низ разговор со градските власти треба да се изнајде решение како да се искористат донираните средства, но и да не се загрозат условите за работа на подрачното одделение на министерството.

Министерот Манески денеска оствари средба и со жителите од Пештани и Љубаништа, од кои ги слушна проблемите со кои се среќават овие граѓани.

ohridnews