Британската манекенкна Џордан Дан раскажа дека за ревиите на модниот бренд за долна облека Викторија Сикрет, од девојките се бара да изгладнуваат 12 часа пред секоја ревија. Црномурестата убавица го критикуваше модниот гигант само неколку дена откако беше одлучено дека таа оваа година нема да се појави на нивната ревија следниот месец. Џордан тврди дека модната куќа од моделите бара струкот да им биде со обем од 60 сантиметри, а телесните масти не смеат да преминуваат 18 проценти.
Дан вели и дека најпознатите манекенки некогаш добивале два-три милиони долари по ревија, додека сега за истата работа добиваат само 100 илјади долари. Колкав притисок се врши на манекенките зборува и тоа што во 2012 година Адриана Лима призна дека девет дена пред годишната ревија на Викторија Сикрет била на течна исхрана, секојдневно пиела протеински шејкови од јајца и четири литри вода, а 12 часа пред ревијата не пиела ништо.