Холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо неодамна ја раскина повеќемесечната врска со манекенката Кели Рорба, а веќе успеа да и најде замена-убавата британска водителка Лори Витмор, пишува Дејли Мејл.

Исто така, Леонардо и Лора ја прославиле наградата од Леонардо, од британската филмска академија, за улогата во филмот “Повратник“ на забава која траела до раните утрински часови во еден луксузен лондонски хотел.

Инаку, убавата Лора веќе извесен период го води реалното шоу “I’m a celebrity, get me out of here”, во кое познати личности се натпреваруваат во екстремни услови.

И додека Лори сеуште не се огласила по повод наводната врска со актерот, сигурно тоа нема да го направи ниту Леонардо, бидејќи приватниот живот го држи далеку од таблоидите.