Британската манекенка Шерис Стабана(21) го покосила сообраќајниот полицаец Мајкл Рендл кој тргнал да ја слика бидејќи паркирала на место за инвалиди. Ја притиснала гаста и го оставила да лежи. Подоцна се обидела да му плати за да не сведочи против неа. На судот во Лестер ги признала сите три прекршоци кои ги направила.


Удрила и автомобил кој застанал за да ја пропушти брзата помош. Нејзиниот адвокат рекол дека е импулсивна и дека не знае да донесува одлуки, како и дека не може да го контролира својот темперамент. На полицаецот мора да му плати отштета, ќе мора да одработи 100 часа општокорисна работа и да оди на курс за самоконтрола. Исто така не смее да вози три години.