Леонардо ди Каприо е вистински холивудски шармер, но изгледа британската манекенка Кара Делевињ е отпорна на него. Иако многу девојки паѓаат на актерот само кога ќе ги погледне, британскиот супермодел кој има 19 години одлучно му рекла не на познатиот актер.

Имено, тој убавата манекенка ја повикал на забава по премиерата на филмот „Големиот Готсби“ во Кан, но таа го одбила. Извор за британските таблоди открил дека разговарале и размениле телефонски броеви, но се останало на тоа. Ја повикал на забава во неговиот апартман, но таа го одбила. Му порачала дека е престар за неа.