Бразилската манекенка Лизиане Гуриерез заработи модринка на окото. Нападот го пријави во полиција после неколку часа, а за ударот по главата го обвини раперот Крис Браун. Тврди дека била на неговата приватна забава во Лас Вегас и дека се било во најдобар ред се додека не го извадила мобилниот телефон. Кога го фотографирала, пејачот, како што вели Лизиане, побеснел и ја нападнал.
Полицијата моментално го истражува случајот, а после наводниот напад се јави и портпаролот на Крис. Тој изјави дека ја замолиле да ја напушти забавата бидејќи била надвор од контрола. Почнала да го удира обезбедувањето на забавата. Додал дека таа е лажливка, а целата приказна со мобилниот телефон е измислена. Инаку, Крис Браун е познат во јавноста по тоа што во 2009 година ја претепа својата тогашна девојка Ријана.