Манекенот Ник Снајдер бил уапсен во понеделникот во Арканзас поради пијанење во јавност и нарушување на јавниот ред и мир. Наводно дивеел по станот на својот пријател откако реагирала полицијата. Американските медиуми пренесуваат дека сакал да се спаси од апсење кажувајќи им на полицајците дека е славна личност.


Заменик шерифот Брајан Лутсшваргер изјавил дека манекенот му понудил орален секс за да го пушти на слобода. Пијаниот Снајдер наводно истото му го понудил и на друг полицаец додека го воделе во притвор. Подоцна бил ослободен со кауција а на суд треба да се појави на 17 овој месец. Се прославил со кампањи за модната куќа Прада и бил прогласен меѓу петте најуспешни манекени на светот.