„Црвените“ од Енфилд се актуелни европски шампиони и се пред освојување на титулата во англискиот шампионат и прекинување на црната серија која го прати клубот од почетокот на ерета, наречена Премиер лига. Но победите и успесите, не гарантираат ред и мир во соблекувалната, туку голема битка помеѓу ѕвездите која има поголема заслуга.
Сенегалскиот фудбалер Садио Мане кој ужива голема доверба како скромен и пред се стабилен човек му се налутил на менаџерот Јирген Клоп за фаворизирање на Вирџил ван Дајк. Клоп при изборот за најдобар фудбалер за 2019 година рече дека единствено само Ван Дајк може да му парира на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Така беше според гласовите бидејќи Холанѓанецот заврши во ТОП 3, што не беше случај за Мане, кој заврши на четвртата позиција.
Мане на почетокот од оваа година изјавил дека Клоп исто ги третира играчите. Но се’ се променало откако германскиот стручњак јавно го пофалил холандскиот дефанзивец, заборавајќи ги Мо Салах и Мане како клучни фигури во шампионската екипа.
„Франс фудбал“ известува дека Мане ваквиот потег го прави да искористи прилика да го засили Реал Мадрид или пак се бори за лидерска позиција во Ливерпул, која моментално му припаѓа на Ван Дајк.
OhridNews