Со 25 поени, 11 скокови и пет асистенции Вукашин Мандиќ беше еден од најзаслужните за триумфот на Куманово над Работнички вреден полуфинален пласман во завршницата од Купот.

– Верувавме во оваа победа и сакавме да ја извојувавме за да се вратиме во оној победнички ритам од минатата сезона. Нам оваа победа ни е од огромно значење бидејќи ќе ни ја врати самодовербата за понамошните натпревари – истакна Мандиќ.

Со поените на Паран на 20 секунди до крајот Куманово ја направи разликата, која на крајот се покажа како доволна за победа.

– Момците одиграа максимално борбено, повеќе ја посакуваа победата и сосема заслужено стигнаа до неа. Покрај големата резултатска напнатост мечот помина во фер и коректна игра што е за поздрав – рече тренерот на Куманово, Горан Димитријевиќ.

Мх.П.