Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини ја оцени како неповолна ждрепката за мундијалскиот бараж, која на актуелниот европскиот првак во полуфиналето за противник им ја донесе македонската репрезентација.

Италија ќе биде домаќин на избраниците на македонскиот селектор Благоја Милевски на 24 март, а победникот во финалето ќе му гостува на поуспешниот од дуелот меѓу Португалија и Турција.

Ова е многу тешка ждрепка за нас. Северна Македонија е многу добар тим, и доколку победиме ќе играме на гостински терен со победникот меѓу Португалија и Турција, истакна Манчини во првата реакција по вечерашната ждрепка во седиштето на ФИФА во Цирих.

OhridNews