СДСМ демонстрира лажно душегрижништво за природните богатства, водата, квалитетот на воздухот и животната средина, истакна на денеска одржаната прес конференција Димитар Манчев, кандидат за советник на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

„Ние, уште еднаш укажуваме дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на Охрид за да прикрива неодговорни политики.

На прес-конференција одржана на 3 февруари 2017, актуелната пратеничка од СДС Жаклина Лазаревска, во име на партијата на новинарско прашање, што би правеле тие ако се на власт и ако нивото на езерото е на ниско ниво одговори:

– Ние одма би реагирале!

И самите ние да дојдеме до езерово ќе видиме до каде и ќе кажиме доста е, како треба да се однесуваме?

Никако не смее да се допушти падот под нивото законско на водата – рече Лазареска

Денес за нивото на езерото молчат сите кои тогаш беа најгласни. Невладиниот сектор полека но сигурно станува службеници во владата, а пратениците во јавноста повеќе не се појавуваат на еколошки теми, млади и сиромаштија, туку со стотиците илјади денари, кои ги зеле од државата како патни трошоци и трошоци за одвоен живот.

Поради целосната негрижа, неспособноста и неодговорност на СДС граѓаните на Охрид на овие локални избори на 15-ти октомври ќе им пресудат и ќе го казнат нивното расипничко владеење.“ – рече Манчев.

OhridNews