Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед на добар пат е да најде одговор за проблемите во последната линија од екипата. Одговорот во името на Хари Мегвејаре нема да биде ефтин, туку „црвените ѓаволи“ ќе ги чини 80 милиони фунти.

Фудбалерот на Лестер пред две-три недели беше на крстопат помеѓу Јунајтед и Сити, но „црвените“ од Манчестер го притиснале Лестер и со астрономска понуда најверојатно ќе го обезбедат потписот на англискиот репрезентативец.

Мегвајер до крајот на оваа недела треба да ги финализира сите детали, да ги помине медицинските прегледи и да и се придружи на екипата на турнејата во Австралија.

Во летниот преоден рок „ѓаволи“ се засилија со Даниел Џејмс од Свонси и дефанзивецот Арон ван Бисака од Кристал Палас.

OhridNews