Манчестер Јунајтед го задржа максималниот ефект на гостински терен, победувајќи го Шефилд Јунајтед со 3-2 (2-1), во дуелот од 13-та рунда во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ до нов гостински триумф стигнаа на крилата од Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал, кои ги искомбинираа трите голови.
Мечот не започна најдобро за Манчестер Јунајтед, откако голманот Дин Хендерсон им поради погодок на домаќините. Сепак, напаѓачкото дуо ги донесе на свое место работите постигнувајќи три погодоци за помалку од половина час. Во финишот, Шефилд постигна погодок со кој го ублажија поразот 3-2.
Рома лесно против Торино
„Волчицата“ фати приклучок со водечките во Серија А, после триумфот над Торино 3-1 (2-0), на Олимпико во Рим.
Торино во 15-та минута остана со фудбалер помалку, а Рома, со два брзи погодоци ја капитализираа бројчаната предност. Двете екипи, во второто полувреме, постигнаа по еден погодок и ги поставија конечните 3-1.
OhridNews