Фудбалерите на Севиља ќе се борат за трофејот во Лигата на Европа, откако во полуфиналната пресметка со 2-1 славеа против Манчестер Јунајтед и обезбедија пласман во големото финале.

Шпанците кои се претплатени за успеси во Лигата на Европа ривалот од Премиер лигата го совладаа со пресврт. „Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на Бруно Фернандеш на стартот од натпреварот. Левоногиот фудбалер Сусо околу 26-та минута изедначи на 1-1. Лук де Јонг во 78-та минута погоди за 2-1 и водство на Севиља, кое на крајот се покажа пресудно за финале.

Противник на Севиља во финалето ќе биде подобриот од полуфиналниот дуел Интер – Шахтјор Доњецк, кој се игра вечерва во 21 часот.

OhridNews