Манчестер јунајтед е најлошиот клуб во најдобрите европски лиги во однос на трансфер балансот во изминатата деценија. Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES) ги пресмета трансферните салда на европските клубови од врвните лиги во изминатата деценија.

CIES го зема предвид купувањето и продавањето фудбалери на клубови од Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција од летниот преоден рок во 2012 година.

Најлош клуб според трансфер билансот е Манчестер јунајтед. Англискиот клуб за купување играчи потроши 1,545 милијарди евра, а на продажба заработи 470 милиони евра. Така, салдото на клубот изнесува минус 1,075 милијарди евра.

Второто место на CIES рангирањето му припадна на Манчестер сити со салдо од минус 984 милиони евра. На третата позиција е ПСЖ – минус 941 милион евра. Следува Барселона со биланс од минус 650 милиони евра и Арсенал со биланс од минус 583 милиони евра.

 

OhridNews