Бранителот на титулата и најтрофејниот клуб во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид не е во првата петорка на екипи кои се вбројуваат за освојување на „ушкото“ оваа сезона во најелитното клупско натпреварување во Европа.

„Кралевите“, пред почетокот на сезоната најпрво останаа без стратегот Зинедин Зидан кој ги предводеше до три титули во серија, а потоа и без Кристијано Роналдо. Португалецот во трансфер вреден 105 милиони евра се пресели во Јувентус.

Прв фаворит за освојување на титулата во Лигата на Шампиони е Манчестер Сити. „Граѓаните“ коефициент за шампион имаат 4,5. После нив следува Барселона со шест коефициент, а Јувентус со 7 коефициент се наоѓа на третата позиција.

Букмејкерите не веруваат многу ниту во ПСЖ кој фрли еден тон богаство во создавањето на екипата. Коефициентот за „светците“ изнесува 8,5, а минатогодишниот финалист Ливерпул ја комплетира петорката со 10 коефициент. Со ист коефициент (11) шестата позиција ја делат Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Ждрепката за осминафиналните парови во ЛШ ќе се одржи в понеделник со почеток во 12 часот.

OhridNews