Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Ерлин Халанд и премиерлигашот Манчестер сити постигнале договор за соработка, пишува „Дејли мејл“ повикувајќи се на извори во Германија.
Според британскито медиум, Сити се договорил со 21-годишниот Норвежанец за трансфер на крајот од сезоната. Се истакнува дека обештетувањето за напаѓачот е 63 милиони фунти. Заедно со бонус за потпис и провизија за агентот на Халанд, Мино Раиола, цената на трансферот се проценува на околу 100 милиони евра.
Халанд сезонава за Борусија на 20 натпревари постигна 23 гола и имаше шест асистенции. Договорот на норвешкиот репрезентативец со клубот од Дортмунд е до 30 јуни 2024 година.
OhridNews